Tuesday, April 26, 2016

Стафилококус ауреус е бактерија која е асоцирана со појавата на гнојни инфекции на кожата, слузокожата и внатрешните органи.
Морфолошка структура:
Станува збор за Грам позитивна бактерија која поседува клеточен ѕид, микрокапсула, нема пили, нема флагелии, нема фимбрии и не создава спори.
Биохемиска структура:
Бактеријата е каталаза и коагулаза позитивна, не создава сулфур водород и  не создава киселина од јаглехидрати.
Културелни особини:
Расте на вообичаени подлоги како Крвна подлога, на која што дава ситни мазни сјајни колонии со бета хемолиза без мирис, а создава пигмент – жолт.
Микроскопски особини:
Под микроскоп се гледаат гроздести формации од бактеријата.
Фактори на патогеност:
Излачува; хемолизини кои даваат бета хемолиза на крвен агар, создаваат ексофолијативен токсин кој доведува до лупење на кожата, имаат и т.н клумпинг фактор кој е одговорен за коагулација на крвта, излачуваат пиротоксичен токсин, потоа различни цитолизини и слично.
Клиничка корелација:
Предизвикува појава на гнојни воспаленија од типот на апсцеси на кожа, слузокожа, внатрешни органи, фетуси и сл.
Дијагноза:
Со микроскопирање и боење по грам, биохемиски тестови, култивирање на агар и сл.
Лекување:

Кај МРСА се даваат Ванкомицин И Теикопламин, а кај нерезистентните соеви се даваат бета лактамински антибиотици и макролиди.